еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Солидарен данок не платиле 26 фирми, од 130 наплатени 2,3 милијарди денари

Од Управата за јавни приходи (УЈП) денеска информираа дека заклучно со вчера, за солидарен данок од 130 фирми се наплатени 2,3 милијарди денари, а 26 фирми се уште не ја подмириле оваа обврска.

Тие вкупно должат 726,6 милиони денари, а речиси половината од нив се од Скопје, како и од Неготино, Струмица, Гевгелија, Делчево, Битола, Прилеп, Чучер Сандево, Гостивар, Слупчане, Желино, Охрид.

Две фирми се од дејноста коцкање и обложување, две за изградба на станбени и нестанбени згради, две фирми се со дејност трговија со дрва, градежни материјали и санитарија, итн., а најголем должник е скопска фирма од среден обем, од дејноста трговија со струја.

Тие имаат рок да платата до 24. ноември, по што доколку не ја исполнат обврската им следува блокирање на нивната сметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари граѓаните чуват во НЛБ Банка?

Редакција

Убава вест: 606 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Зошто од среда ќе Ве казнат ако возите со возачка без „Северна„?

Редакција