Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во октомври од Ковид-19 починале 11 лица, а регистрирани се 535 заболени.
Во однос на претходниот месец регистрирано е намалување на бројот на пријавени од Ковид-19 за 37,4%, a во однос на месец октомври лани е регистрира намалување на заболените од 54%.
-Од заболените во октомври 2023, најголем број на заболени (n=265) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (98,7/100.000) се регистрира во Кавадарци.
Регистрираи се 214 се реинфекции.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години (n=272; 50,8%), стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
Во текот на октомври се направени 2.400 тестови за Ковид-19, а процентот на позитивност е 22,3%.
Бројот на аплицирани дози на Ковид-19 вакцина во текот на месец октомври изнесува вкупно 20, од тоа 10 се прва, по 2 како трета и четврта и 6 како петта доза.
Заклучно со 31.10.2023 година, вакцинирани се вкупно 876.174 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 857.229 лица.
Фото: МЗ