еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изгласан новиот Деловник, Левица го оштети системот за работа во пленарната сала на Собранието

Пратениците го донесоа новиот Деловник на Собранието со 83 ласа „ЗА„, никој не беше воздржан, а против беа само пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Истиот ќе почне да го применува следниот парламентарен состав.

Претходно на седницата, Крмов оштети опрема во пленарната сала на Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пратеник на Левица го искрши мониторот и микрофонот на заменик претседателот на Собранието, Мисовски

Потоа заедно со Апасиев кон заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски фрлаа листови од амандманите кои ги поднесоа за Деловникот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави рече дека на денешната седница е направена материјална штета и е онеспособен системот за работа во пленарната сала.

„Седниците на Собранието до отстранување на штетите ќе се одвиваат во салата Купола“, рече Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 225 заразени со Ковид-19 од 1.694 тестирања, во Скопје најмногу 96

Редакција

Мицкоски: Оставката на Рашковски требаше да се случи многу порано

Редакција

Ковачевски тврди оти нема да има реконструкција на Владата

Редакција