еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски тврди оти нема да има реконструкција на Владата

Владата во моментов функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Се што се пишува за реконструкција на Владата е во доменот на шпекулациите во овој момент, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски одговараше на новинарско прашање за медиумските написи за реконструкција на Владата до Нова година и за смена на министерот за здравство Беким Сали со кадар на Алијансата за Албанците.

-Јас не сум ги видел утрово натписите за кои што зборувате. Во моментов, Владата функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа.

Јас не сум имал разговори како премиер, бидејќи премиерот предлага министри во Владата во однос на реконструкција на Владата така што се тоа што се пишува е во рамките на шпекулации во овој момент, рече Ковачевски.

Премиерот заедно со Сали беа на настан во Градската општа болница „8 Септември“ на кој беше отворен нов дијагностички центар.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кочо Анѓушев повеќе не е почесен конзул на Малта, поради тоа што е ставен на „црната листа“ на САД

Редакција

Канческа Милевска им се извинува на соседите, роднините и пријателите за синоќешниот собир на „Македонија блокира“ пред нејзиниот дом

Редакција

Минатата недела за 2,3 пати помалку починати од Ковид-19

Редакција