еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Крмов кршеше во Собрание, Апасиев со чевел ставаше печат на амандманите за Деловникот

На вчерашната седница за Деловникот на Собранието, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев со чевел ставаше печат на амандманите кои ги поднесе партијата, а кои не беа прифатени.

Претходно заедно со неговиот соопартиец Борислав Крмов ги расфрлија листовите од амандманите низ пленарната сала на Собранието, а Крмов го искрши мониторот и микрофонот на заменик претседателот, Горан Мисовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пратеник на Левица го искрши мониторот и микрофонот на заменик претседателот на Собранието, Мисовски

На крај Деловникот беше изгласан.

Двајцата ќе треба да ја платат предизвиканата штета, а седниците во Собрание, додека се санира штетата ќе се одржуваат во салата Купола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот Крмов, кој искрши монитор и микрофон во Собранието

Изгласан новиот Деловник, Левица го оштети системот за работа во пленарната сала на Собранието

Фото/видео: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на гасот во Европа продолжува да расте

Редакција

Нов раст на трошоците во градежништвото за нови објекти за домување

Редакција

Сител најгледена телевизија, МРТ1 на трето место

Редакција