Проектот Safe City кој во овој момент го има во Скопје, Куманово и Тетово, ќе се проширува и во другите градови.
Во тек е процес за надградба на целиот овој систем, кој ќе ги вклучува и автопатите низ државата, а ќе се вклучи електронско утврдување на сообраќајни прекршоци.
„Идејата е да се проширува, пред сѐ во големите градови каде има поголема фреквенција на луѓе, а Штип е еден од тие градови. Секаде каде што имаме видео надзор доаѓа до подобрување на безбедносната состојба и помага во откривачката дејност.
Проектот ќе се проширува и понатаму, со цел да се постигне едно повисоко ниво на безбедност”, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.