еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Правата на сите граѓани мора подеднакво да се почитуваат и заштитуваат, порачаа сексуалните работнички на денешниот марш

Денеска се одржа традиционалниот Марш на црвените чадори на сексуалните работници, кој започна на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија“ и заврши на плоштадот „Филип II“.

Оваа година тие одбележуваа „5.353 денови до правда“, односно 15 години од сензационалистичката полициска акција „Сузбивање на улична проституција“ од страна на Министерството за внатрешни работи, во која беа приведени 23 сексуални работнички и на кои им беше повредено правото на приватност со јавно споделување на нивни фотографии на веб-страницата на МВР.

Долгогодишната правна битка за правда на сексуалните работнички по полициската акција „Сузбивање на улична проституција“ во ноември 2008, најпосле заврши со пресуда на Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП) во 2023 година, по жалбата поднесена во 2017 година и ја задолжи државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови.

Правдата, како што рече директорката на здружението ХОПС, Хајди Штерјова-Симоновиќ, ќе беше задоволена само две и пол години по рацијата, кога првостепениот суд пресуди во корист на тужителките утврдувајќи повреда на нивните права од страна на МВР и другите тужени, но пресудата во два наврати „падна“ на Апелацискиот суд.

„Првиот пат ја врати на повторно одлучување. Основниот суд повторно утврди повреда на правата, меѓутоа вториот пат Апелацискиот суд ја преиначи пресудата наведувајќи дека не им биле прекршени правата без да даде соодветна правна аргументација.

И токму тоа е повредата што ја утврди ЕСЧП. Судот утврди дека на четирите апликантки МВР им ги повредило правата, меѓутоа и тоа што Апелацискиот суд само ја уважил жалбата на МВР без да даде никакво образложение, повторно им ги повредил правата“, вели Штерјова-Симоновиќ.

Таа додаде дека со оваа пресуда се испраќа порака до националните судови и институциите дека во демократска држава сите се еднакви пред законите и Уставот и правата на сите граѓани мора подеднакво да се почитуваат и заштитуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата треба да им исплати 13.300 евра на сексуалните работнички, пресуди Европскиот суд за човекови права

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Лидерите не се договорија за ништо, за Ковачевски е позитивно што седнале на заедничка маса

Редакција

Нови 722 случаи на Ковид-19 од 5.865 тестирања

Редакција

„АстраЗенека“: Вакцини против новите видови коронавирусот до есен

Редакција