еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Од денеска бесплатен хеликоптерски транспорт за најитните случаи

Од денеска во Македонија почна да функционира бесплатен хеликоптерски транспорт за најитните случаи.

Хеликоптерот има медицинска опрема за воздушен транспорт, а ГОБ 8 Септември ќе овозможува искусен стручен тим за придружба на пациентот.

Опремата опфаќа монитори за следење витални параметри и инвазивен мониторинг, дефибрилатор, кислородна боца, аспиратор, како и лекови и други медицински инструменти.

Дополнителна опрема ќе се обезбедува во зависност од дијагнозата на пациентите кои ќе има потреба да се транспортираат.

Покрај со медицинска опрема, хеликоптерот е екипиран со доктор и медицинска сестра.

Транспортот е целосно бесплатен за пациентот, а за потребата од ваков транспорт ќе врши стручна проценка директорот на установата од каде примарно е пациентот, како и според итноста на состојбата.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седма жртва од експлозијата во Романовце, почина 55-годишен маж

Редакција

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за станбени кредити

Редакција

Кои се новите директори на клиниките

Редакција