еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Расправија за пат била причината за убиството на татко и син од Челопек

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 59-годишен жител на Челопек, кој вчера лиши од живот две лица, а се обидел да убие уште четири лица од истото семејство, информираат од Обвинителството.

Осомничениот се сретнал со оштетените кога излегле во дворот на куќата и започнал расправија за пат кој го користеле заеднички и за кој и претходно имале несогласувања.

-По расправијата, осомничениот извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и започнал да пука кон оштетените. Едниот од нив возвратил со истрели од огнено оружје за кое имал дозвола, но осомничениот ги лишил од живот двајцата оштетени – татко и син.

Потоа продолжил да пука и кон останатите четири лица нивни роднини, нанесувајќи му огнострелни повреди на еден од нив. Кога на местото пристигнале припадници на СВР Тетово осомничениот давал отпор и не сакал да се предаде, но бил совладан и лишен од слобода, се вели во соопштението на ОЈО Тетово.

Истрагата за него е поведена за кривично дело – Убиство според член 123 став 3, а ќе одговара и за обид за убиство, како и за недозволено држење оружје. По предлог на јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и син се убиените во Челопек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачот на косовскиот автобус, во кој вчера во Хрватска загинаа 10 лица, може да добие 15 години затвор

Редакција

Рускиот опозиционер Навални доби уште девет години затвор

Редакција

Ќе се спасат ли Ахмети, Мијалков, Бонева, Камчев, Османи, Милошоски, Тодоров… од прогон?

Редакција