еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во Прилеп на Бадник семејна расправа завршила со убиство

Од МВР денеска информираа дека СВР Битола ќе поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (65) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека на 06.01.2024 година извршил кривично дело „убиство“ врз П.Р. (63) од с.Шивец, Кавадарци, со престој во Прилеп, брат на неговата сопруга.

-На 06.01.2024 година во 17.15 часот било пријавено дека во дворно место, сопственост на В.С. во Прилеп, бил пронајден починат П.Р., со повреда во пределот на главата.

Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција, информираат од МВР.

Полициски службеници извршиле увид и од преземените мерки и активности и добиените искази било констатирано дека во дворното место В.С. и Р.П. заедно консумирале алкохол, по што настанала меѓусебна вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која Р.П. паднал и со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба.

-Во 19.35 часот, по наредба на јавен обвинител, В.С. е лишен од слобода и при извршен службен разговор го признал делото, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа пет нови лица од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 169

Редакција

Тендер „тежок“ 13.700 евра: Основниот суд Струга купува патничко возило

Редакција

Апелација: Постапувањето по предметот ТНТ е во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка

Редакција