еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Двегодишното дете од Кичево имало крварење во мозокот, скршени череп и ребра: Детали од Обвинителството

Од Основното јавно обвинителство Кичево соопштија детали за двегодишното дете од Кичево, кое до смрт било претепано од неговиот татко.

Од таму информираат дека Обвинителството донело Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 29-годишник, на 18. декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година.

Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8. јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кичевец до смрт ja претепал неговата двегодишна ќерка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Централна кооперативна банка со добивка во првиот квартал

Редакција

Општина Илинден ќе биде дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Редакција

СЗО: Лекот „Ремдесивир“ не делува врз коронавирусот

Редакција