еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трудовиот инспекторат започна со инспекциски надзор во М-НАВ

Тројца инспектори од Државниот инспекторат за труд денеска почнаа инспекциски надзор во Македонска навигација (М-НАВ), соопшти директорката Весна Томовска.

„Бидејќи документацијата е обемна и голема, инспекторите и утре ќе вршат надзор, вели директорката.

Таа посочи дека ќе ја разгледуваат документацијата околу вработувањата, како и тоа дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот.

„Почетни информации за надзорот може да се очекуваат за повеќе од една недела, бидејќи инспекторите мора да ја разгледаат обемната документација, а потоа ќе разговораат и со синдикалниот лидер,“ вели Томовска.

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случајот со протерувањето на рускиот дипломат е документиран, не станува збор за импровизација, вели Пендаровски

Редакција

(Фото) Левица: Избрусени зборовите „бугарски фашистички окупатор“ од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш

Редакција

„Никоб“ го доби тендерот на Град Скопје за обезбедување на училиштата вреден 195.000 евра

Редакција