еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Приведени четири лица за пукањето пред тетовската болница, по едно се трага

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23.10 во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т. (35) и М.Т. (44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М .(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница, кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М. (41) и З.М. (36) од тетовското село Гајре, информираа од МВР.

За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица ранети во пукање пред тетовската болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците од Бугарија ја тужат Европската комисија за да ја принуди Бугарија да им ги признае правата

Редакција

„Универзална сала преголема за џез, премала за Цеца„: Твитер реакции

Редакција

(Фото) Универзална сала доби нова купола

Редакција