еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Повеќе години работиме успешно на македонскиот пазар, велат од Пан Интертрејд, која заедно со ЕДС учествуваше на повикот за универзален снабдувач на струја

Пан Интертрејд ДОО Скопје повеќе години работи успешно на македонскиот пазар, иако се соочуваме со нееднакви услови, каде еден снабдувач има привилегирана позиција и користи државни субвенции, што преставува нелојална конкуренција за сите останати субјекти во секторот, се вели во соопштението од компанијата, која заедно со компанијата ЕДС, ќерка компанија на грчката ППС, како конзорциум учествуваше на јавниот повик за универзален снабдувач на струја.

„Нашата компанија нема никаква поврзаност со компанијата од Србија која беше спомната во некои медиуми.

На јавниот повик учествуваме во конзорциум со ЕДС, компанија ќерка на ППС со вкупен број на вработени од над 12.000 и годишен обрт од 12 милијарди евра.

Нашата компанија е веќе подолго време во потрага по меѓународен партнер со кој би можеле да го развиваме бизнисот дополнително, и овој повик го искористивме за формализирање на таа соработка.

Оттука, сите шпекулативни конструкции насочени кон создавање перцепција во јавноста дека станува збор за компанија со негативно портфолио, со нарачани прашања насочени кон дискредитација на конзорциумот, ги оценуваме како нечиј паничен страв од јавната аукција, која ќе ги извади на виделина причините за повеќе неделната хајка која се води против нашиот конзорциум.

Со оглед на фактот дека станува збор за компании со меѓународен кредибилитет сакаме да истакнеме дека нема да дозволиме нападите кон нас да го нарушат корпоративниот имиџ и да влијаат негативно на нашите деловни биланси. Доколку оваа нарачана кампања продолжи, нашите правни тимови ќе бидат принудени да преземат соодветни дејствија.

Сите „загрижени” истражувачи на оваа тема ги упатуваме да побараат одговори на следните прашања: Зошто некој упорно се обидува да спречи конкуренција во понудите? Кој се плаши од намалена маржа? Зошто клучните два услова, за работен капитал од 40 милиони евра, и позитивен биланс во последните три години, не постоеја на јавниот повик пред 5 години, и како магично се појавија на овој повик? Дали евентуално причината за тоа беше дека некој тогаш не можеше да исполни ваков услов?

Конечно, апелираме до дел од медиумите да ги остават надлежните државни институции да одлучуваат исклучиво согласно законот и во интерес на граѓаните и домаќинствата.

Евентуално политички мотивирана одлука или избор на нов универзален снабдувач ќе ја стави државата во неповолна положба и под закана од правни спорови и потенцијални високи отштети,“ се вели во соопштението на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчки ЕДС, во конзорциум со фирма со еден вработен се јави на тендерот за универзален снабдувач со струја

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените лани се зголемиле за 3,2 проценти, притисоците за нивен раст продолжуваат велат од Народна банка

Редакција

Комисијата за здравство ќе одлучи дали угостителите ќе работат и по 22 часот

Редакција

(Видео) Прекрасно: Глас како славеј одекна на Алпите со македонски песни

Редакција