Од Управата за јавни приходи (УЈП) не ги соопштија имињата на трите нафтени компании кои со лажни фактури се обиделе да го оштетат државниот буџетот за околу 3 милиони евра, бидејќи законот не го дозволувал тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три нафтени компании се обиделе со лажни фактури да го оштетат буџетот за околу 3 милиони евра
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска со новинарите сподели дека се работи компании од липковско-кумановскиот регион, а зад кои како што се сомнева УЈП, стојат двајца сопственици.
Тие имале и заеднички сметководител.
Сите три биле регистрирани како трговци со нафта и нафтени деривати, а за тоа немале лиценца, бензиски пумпи, ниту пак складишта за чување, туку само лажни фактури дека купувале нафта и нафтени деривати.
Кога започнала истрагата ја промениле сопственичката структура. Кај првата компанија потоа како сопственик и управител се јавува државјанка од Хрватска, а кај другите две државјанин од Косово.