еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

“Самоопределување“ не е регистрирана во Македонија и неможе да учествува на изборите, вели претседателот на косовската партија, Курти

“Самоопределување“ не е регистрирана во Македонија и неможе да учествува на изборите, изјави претседателот на косовската партија и премиер, Албин Курти, кој беше во Скопје за состанокот на лидерите од Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Самоопределување“ на Курти не може да дејствува политички во Македонија

Пред извесно време од коалицијата “Европски сојуз за промени“, која ја сочинуваат Алтернатива, Беса и Демократски сојуз информираа дека на нивната коалција се приклучува и „Самопредлување„, која според македонските закони неможе да се регистрира во земјава.

„Движењето “Самоопределување“ не е регистрирано во Северна Македонија. Ние имаме активисти, имаме и службеници на нашиот политички субјект во Косово кои доаѓаат од Северна Македонија, меѓутоа овде немаме регистриран центар на “Самоопределување“. Затоа и ние како “Самоопределување“ нема да учествуваме тука“, рече Курти.

Лидерот на Демократски сојуз, Изет Меџити откако од коалицијата „Европски сојуз за промени“ информираа дека “Самоопределување“ станала дел од нивната коалиција дообјасни дека претставници на движењето кои ќе се најдат на заедничките листи за кандидати за пратеници, нема да фигурираат како партија, туку како поединци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иако не е регистрирана во Македонија, партијата на Курти, „Самоопределување„ ќе биде дел од изборните листи

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Атиџе прекрасна: Како изгледаше екипата на „Медена земја“ на Оскарите

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 28 лица, изречени 431 казна за неносење маска

Редакција

„Со парите за бензин од апсење-пуштање на Миле ќе реновиравме еден студентски“: Твитер реакции за новото апсење на Јанакиески

Редакција