Денеска во 71-та година од животот почина Благоја Истатов, еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, пренесува Струмицанет.
Струмичкиот и македонскиот фудбал загубија големо фудбалско име. Еден голем човек, кој во својата голманска кариера настапувал за екипите на Беласица од Струмица, Победа од Прилеп, но и белградски Партизан, и холандски Утрехт.
Освен фудбалската, Истатов имаше и тренерска кариера, и тоа во повеќе клубови во Македонија. А во еден период беше и тренер на голманите во македонскиот национален тим.
Добар дел од својот живот Благој Истатов го помина во Дојран, каде пред неколку години ја основа фудбалската школа „Истатов”, која е под патронат на клубот кој го задолжи за векови – Партизан од Белград.
Фото: Фејсбук/Стара Струмица/Иван Станоев