еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Како изгледа наод на бели дробови со корона вирус и како се дише: Ставете дебела перница врз вашето лице и побарајте некој да ја притисне

Докторот Петар Марков на неговиот фејсбук-профил сподели фотографија како изгледа наод на бели дробови, зафатен од корона вирусот.

Неговиот статус го пренесуваме во целост:

„Не знам дали е измислен, произведен во лабораторија или резултат на мутација… не знам дали е производ на заговор или неконвенционална војна, но ги знам ефектите кои ги предизвикува на човечкото здравје.

Некој ќе рече, па добро де, луѓето и така умираат… да, но доколку некој ни рече дека имаме 10% да добиеме лото вечерва претпоставувам многу би ги изиграле своите среќни броеви и би имале фер шанса да бидат добитници.

А што ако некој ни каже дека доколку не внимаваме имаме 10% шанса да се заразиме или уште полошо имаме исто толкав процент на веројатност да заразиме некој друг или многу други, како тогаш би постапиле?

Ова подолу е компјутеризирана томографија на пациент со здрави бели дробови и на пациент со Ковид-19. Не треба да имате медицинска диплома за да ја забележите разликата. Но во што всушност е таа?

Разликата е во тоа што на пациентот со Ковид-19 белите дробови никогаш повеќе нема да му бидат исти како пред инфицирањето. Белите опацитети претставуваат изразена фиброза, а фиброзата е таа која го дава изгледот на лузната откако ќе се здобиеме со некаква повреда на некој дел од телото.

Претставува најчесто ткиво со нарушена функција, нееластично, кое има за цел да ги врзе рабовите на настанатиот дефект. Во случајот тоа се случува во белите дробови.

Секаде каде постојат белите пребојувања на сликата, особено кон периферијата, претставува фиброзно променет паренхим на белиот дроб; афункционално, нееластично сврзно ткиво за кое не постои начин да се врати во функција, а за нормално функционирање на белите дробови е потребен и еластицитет но и функционалност во размената на гасови.

А како изгледа субјективниот наод на пациентот. Ставете дебела перница врз вашето лице и побарајте некој да ја притисне, дишете 10 сек, 15 сек, 30-40 доколку можете и побарајте да ја тргнат.

Ова е чувството кое го имаат пациентите само што нивната перница не може да се тргне. Нивното лице останува покриено се до ставањето на аспиратор и конечно до нивната смрт, исто како тие 30-40 секунди или умираат или ќе живеат со перманентна штета.

Тоа што го има на сликите не се наоди од Вухан или Италија или Шпанија… ова се наоди од пациенти од Македонија и тоа на возраст 30+ години. Имаме должност спрема нашите семејства, нашите блиски и спрема самите себе да останеме безбедни од нешто кое може да се превенира.

Да се воздржиме од непотребни експозиции, да внимаваме на самите себе, бидејќи на тој начин ги штитиме и нашите најблиски. Ништо не е поубаво од чувството на земање длабок здив, да избегнеме да сме тие кои ќе го земат некому но и не смееме да дозволиме да ни го земат.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендаровски: За да има помирување, треба извинување од Бугарија за депортацијата на македонските Евреи

Редакција

„Леб можевте у Охрид да купите„: Твитер реакции за карантинот и „бегството“ на Скопјани

Редакција

Ќе се спојат ли Комерцијална банка и Стопанска банка Битола?

Редакција