еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За кои три убиства се сомничи кримналната групата од Грчец

Криминалната група од селото Грчец, чии членови беа уапсени во полициската акција деновиве е осомничена за три убиства и за еден обид за убиство, како и за трговија со дрога.

Пет лица од групата добија притвор, а 10 се уште се во бегство, меѓу кои и водачот на групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сузбиена криминална група од Грчец, инволвирана во убиства и трговија со дрога

Како што објави телевизијата Телма водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец, кој не е достапен за органите на прогон..

Според МВР, како што објави телевизијата, групата на Муареми е одговорна за двојното убиство во Топанско Поле кога во автомобил беа најдени застрелани 28-годишниот Африм Бериша и 24-годишниот Бурим Вардари. Убиството се случи на 5. март 2021 година и беше нерешен случај.

Групата на Муареми е осомничена и за убиство на албански државјанин чие тело, изедено од диви животни беше најдено над селото Горно Матка во мај 2020 година. Убиениот бил закопан во дупка во овој слабо населен реон, но телото било полуоткопано од диви животни. Убиениот беше препознат по специфичната тетоважа.

МВР соопшти дека групата стои и зад обидот за убиство во Бардовци во 2019 година, кога цел на неуспешниот напад бил Борис Мутков – Фантом, жител на Бардовци и близок со групата Беланоца од Ченто. Мутков бил нападнат додека се движел со автомобилот. Тој инцидент се поврзуваше со нападот кој претходно се случи во хотелот „Александар Палас“, кога мета беа членовите на групата Грчец кои седеле на маса заедно со полицаец, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е водачот на криминалната група од Грчец, кој не е достапен за органите на прогон

(Фото) И советник на Алијансата за Албанците меѓу уапсените во полициската акција во Грчец, партијата го суспендираше

Притвор за петмина од уапсените во акцијата во Грчец, 10 лица се во бегство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавно претпријатие за државни патишта се огласи за ангажманот на работници за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција

Георгиевски се пофали дека прв ја предложил додавката Северна

Редакција

(Галерија) Се отвори „Родителска куќа“: Топол дом за родителите од внатрешноста чии деца се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение

Редакција