еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка лани ја зголемила добивката за 69,3%

Комерцијална банка АД Скопје минатата година остварила добивка пред оданочување во износ од 3.912,6 милиони денари наспроти 2.311,0 милиони денари во 2022 година, што претставува зголемување за 69,3 %, информираа од Банката преку Македонската берза.

-Планираната добивка за 2023 година е остварена со 128,3 %.

Данокот на добивка во 2023 година изнесува 331,2 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 3.581,4 милиони денари, или 66,6% повеќе во однос на минатата година.

Позитивниот резултат од работењето Банката го оствари во услови на зголемена неизвесност поврзана со случувањата на меѓународните финансиски пазари на почетокот од годината (особено заради случувањата во банкарските системи во САД и Швајцарија), зголемени геополитички ризици надополнети со новата криза помеѓу Израел и Хамас и континуираното затегнување на монетарната политика во трите квартали од 2023 година кое резултираше со очекувано забавување на инфлацијата кон крајот на годината, но истата и натаму се задржа на ниво од 9,4% просечно годишно, што е значително над поставениот таргет од околу 2%.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 41,4% поголема во однос на минатата година.

Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемените приходи од редовно работење, односно од нето-приходите од камати кои бележат значително зголемување што се должи на порастот на основната каматна стапка на Народната банка и на каматните стапки на странските финансиски пазари, во комбинација со структурата на активата на Банката.

Зголемувањето на каматните стапки во извештајниот период беше резултат на напорите за намалување на инфлацијата на светско ниво, велат од Банката.

Нето-исправката на вредност на финансиските средства заклучно со 31.12.2023 година изнесува 766,9 милиони денари, наспроти 994,0 милиони денари во 2022 година, што претставува намалување од 22,9%, информираат од таму.

-Намалувањето кај исправката на вредност на финансиските средства е резултат на успешното надминување на макроекономските шокови поврзани со ценовните притисоци кај енергенсите и нормализирање на работењето кај одредени компании, клиенти на Банката, кои во текот на претходната година се соочуваа со потешкотии.

Дополнително, согледувајќи ги околностите на работа кај клиентот со значајна изложеност Еуроникел индустри ДОО Кавадарци, кој поради неповолните трендови во металопреработувачката индустрија не можеше редовно да ги сервисира своите обврски, Банката кон крајот на годината донесе одлука за преземање на заложениот имот со цел да се најде брзо и ефикасно решение за повторно отпочнување со производство.

Ваквата одлука придонесе нето-исправката на вредност на финансиските средства да се задржи на умерено ниво, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка стана газда на Еуроникел

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 7.067,1 милиони денари и бележат зголемување од 28,1 % во однос на истиот период од минатата година, посочуваат од таму.

-Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.12.2023 година истите бележат зголемување од 68,2 % во однос на минатата година и планот е остварен со 147,9%.

Притоа треба да се укаже дека иако пораст бележат сите категории каматни приходи, најголемо влијание има порастот на каматата од финансиски друштва, а во помал обем влијае и порастот на приходите од камати од нефинансиски друштва, нерезиденти и држава. На пример, каматните приходи остварени од финансиските друштва, каде доминираат пласманите во благајнички записи и депозитите во НБРСМ, се петкратно поголеми, а кај нерезидентите, каде преовладуваат пласманите во странски банки, приходите се зголемени за повеќе од три пати споредено со минатата година.

Во текот на минататагодина започна циклус на затегнување на монетарната политика преку зголемување на каматните стапки, како во ЕУ и САД, така и кај нас. Така, каматната стапка Euribor, која во текот на 2022 година се движеше од минимално под нула до околу 3 % кај 12- месечниот Euribor, оваа година достигна околу 4 %.

Кај благајничките записи, каматната стапка започна да се зголемува во април 2022 година и на 31.12.2022 година изнесуваше 4,75 %, додека на 31.12.2023 година истата достигна 6,30 %.

Истовремено, Народната банка ги зголемуваше каматните стапки на депозитите пласирани преку ноќ и до 7 дена, при што истите се зголемија од 2,65 % и 2,70 % соодветно во декември 2022 година, на 4,20 % и 4,25 % соодветно во декември 2023 година.

Каматната стапка на државните записи во периодот јануари-декември 2022 година од 0,40 % се зголеми на 4,25 % во истиот период од 2023 година, или 5,25 % кај двегодишните државни обврзници, па сѐ до околу 7,00 % кај еврообврзниците.

Исто така, просечната пондерирана каматна стапка на депозитите во странски банки со состојба 31.12.2023 година, споредено со 31.12.2022 година, е зголемена од 3,72 % на 4,80 %. Токму затоа, во билансот на Банката, приходите од камати кај финансиските друштва и нерезидентите збирно, се значително поголеми од приходите од каматите кај населението.

Исто така, збирните приходи од каматите кај финансиските друштва, нерезидентите и државата се поголеми од приходите од камати кај правните лица. Банката ги оствари овие резултати благодарение на структурата на активата, во која над 56 % од пласманите се во парични средства, парични еквиваленти и пласмани во хартии од вредност, што влијаеше на одржување на висока ликвидност и профитабилност од каматни приходи.

Како резултат на ваквите движења, нетокаматната маржа на ниво на Банката се зголеми од 2,27 % на крајот од минатата година, на 3,63 % со 31.12.2023 година, велат од Банката.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.12.2023 година изнесуваат 1.098,7 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 2,8 %, посочуваат од таму.

-Планот за анализираниот период е остварен со 91,4 %.

Нето приходите од курсни разлики на 31.12.2023 година изнесуваат 366,0 милиони денари и бележат зголемување од 8,8 %, како резултат на одржувањето на зголемено ниво на отворената девизна позиција (ОДП) во однос на сопствените средства кое овозможуваше да се максимизираат нето-позитивните курсни разлики од тековно работење без да се загрозат исполнувањето на вкупните капитални барања и потребите за девизи на клиентите.

Одредено влијание во оваа позиција има и евидентирањето на курсните разлики од арбитражи на девизен пазар и со странство, кои во истиот период минатата година се евидентирани во останати приходи/останати расходи, соодветно. Планот за анализираниот период е остварен со 150,6 %.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.12.2023 година изнесуваат 297,6 милиони денари и бележат намалување од 68,4 % во најголем дел како резултат на значително помалиот износ на наплатени претходно отпишани побарувања, како и поради извршена измена на евидентирањето на приходите од девизно работење, кои од 01.01.2023 година се евидентираат во позицијата курсни разлики. Планот е остварен со 54,3 %.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.12.2023 година изнесуваат 2.380,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 8,1 % како резултат на зголемен износ на плати и други трошоци за вработените поради зголемување на вредноста на бодот во првата половина од 2023 година и по основ на деловна успешност согласно Одлука од Одборот за воспоставување и спроведување на Политиката за наградување.

Во извештајниот период исто така зголемување бележи и амортизацијата на нематеријалните средства, недвижностите и опремата. Планот е остварен со 113,8 %.

Во периодот од 01.01-31.12.2023 година, Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 6,8 милиони денари, во согласност со регулативата од НБРСМ, велат од Банката.

Вкупната актива на Банката на 31.12.2023 година достигна износ од 163.606,6 милиони денари и во однос на декември 2022 година бележи зголемување од 8,4 %, велат од таму.

-Зголемувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на зголемените парични средства и парични еквиваленти, зголемените вложувања во хартии од вредност, зголемените кредити на и побарувања од банки и зголемените преземени средства врз основа на ненаплатени побарувања. Планот е остварен со 103,8 %.

Паричните средства и паричните еквиваленти бележат зголемување од 8,6 %, во најголем дел заради зголемената состојба на пласираните денарски депозити во НБРСМ, а во помал обем и поради зголемувањето кај издвоена задолжителна резерва во девизи во НБРСМ. Планот е остварен со 104,0 %.

Средствата за тргување бележат намалување од 30,3 % како резултат на продадени акции. Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех определени како такви при почетното признавање во износ од 364,1 милион денари се состојат од вложувања во удели во инвестициски фондови.

Кредитите на и побарувањата од банки бележат зголемување за повеќе од 5 пати, кое се должи главно на зголемените девизни депозити од 3 месеци до 1 година во валута УСД, со цел остварување повисоки приходи во рамки на утврденото прифатливо ниво на ризик, при изразено променливи услови на работење на странските пазари и континуирано зголемување на каматните стапки. Планот за анализираниот период е исполнет со 505,3 %.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти бележат минимално зголемување од 0,6 % како резултат на зголемено кредитирање на секторот домаќинства, додека кај кредитите дадени на правни лица се забележува намалување како резултат на присилна наплата на побарувањата од правното лице Еуроникел индустри ДОО Кавадарци заедно со поврзаните лица. Планот за анализираниот период е остварен со 96,6 %.

Вложувањата во хартии од вредност се зголемени за 10,3 % главно како резултат на запишани континуирани државни обврзници во денари, запишани државни записи со рочност над 3 месеци и државни обврзници издадени од нерезиденти. Планот за анализираниот период е остварен со 103,4 %.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања имаат мало учество во вкупната актива од 1,2 %, но истите бележат позначително зголемување како резултат на новопреземен имот во постапка за присилна наплата на побарувања од должникот Еуроникел индустри ДОО Кавадарци заедно со поврзаните лица.

Во следниот период, Банката ќе презема активности за изнаоѓање решенија за продажба на новопреземениот имот на потенцијален купувач (инвеститор), со цел деловните субјекти да продолжат со работа во најбрз можен рок со што едновремено ќе се заштитат интересите на вработените во истите.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката со состојба 31.12.2023 година достигнаа износ од 18.010,5 милиони денари и во однос на декември 2022 година бележат зголемување од 15,8 % како резултат на зголемената задржана добивка (во најголем дел нераспределена добивка за 2023 година) и зголемените останати резерви согласно Одлука за распределба на добивката донесена од Собранието на акционери во март 2023 година. Планот за анализираниот период е реализиран со 103,1 %, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари лани чувале граѓаните и фирмите во Комерцијална банка

Комерцијална банка преговара со повеќе инвеститори за купување на имотот и опремата на Еуроникел

Со акциите на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка лани остварен промет од 32 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Туризмот и културата во фокусот на „Отворен Балкан“, кој почнува денеска

Редакција

Случај „Рекет“: Камчев ја повлече тужбата за Кичеец, Јанева му рече дека халуцинира за тоа како бил рекетиран

Редакција

Вкупно 3.940: Починаа 35 лица од Ковид-19, меѓу нив и 28-годишен охриѓанец

Редакција