Од утре во пунктот “Пролет“ во Скопје за сликање за лични документи ќе работат 14 базни станици, а од понеделник истиот ќе работи во две смени, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за телевизијата Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема сликање за документи во „Пролет“ без закажување
Тој рече дека од утре пунктот ќе функционира со 14 базни станици, со 14 фотографи и полицајци, коишто доброволно се ангажирале да помогнат.
Од понеделник пак ќе се воведе и втора смена, каде што уште 14 доброволци од МВР, како што рече, ќе бидат ангажирани дополнително. Тоа значи дека капацитетот ќе се зголеми на 28 базни станици во еден ден, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада
(Видео) Мизеријата за личните документи со „Северна“ во една снимка
Ќе им се вратат ли парите на граѓаните кои извадиле нов пасош, а имале важечки?
Фото: МВР