еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Професорката Билјана Ванковска е претседателски кандидат на Левица

Професорката Билјана Ванковска е претседателски кандидат на Левица, информираа денеска од партијата на прес-конфеернција на Ванковска и претседателот на партијата, Димитар Апасиев.

„Умрев од смеа,“ рече Ванковска, кога слушнала дека кога во Левица го тестирале нејзиното име, тоа испливало и ја препознале како блиска до нив.

„Не мислам само да учествувам, ако сум се нафатила чесно ќе се борам со сиот респект кон било кој кандидат. Не сум случаен минувач во политиката, овој пат сум со поголема самодоверба дека постои еден тим и дел од него, во она време пред 10 години кога се кандидирав самостојно беа здружени во групи.

Патриотизмот преплетен со левичарството ме врзува со нив. Немам идеја што содржи работната верзија на партијата со која ќе настапи на парламентарните избори, јас ја пишувам мојата. Ниту тие се мешаат во мојата, ниту јас во нивната“, кажа Ванковска.

Апасиев изјави дека во Левица сметаат дека го имаат најдобриот кандидат.

„Денес е голем ден за нас како Левица и за првпат обзнануваме наш претседателски кандидат, а тоа е професорката Билјана Ванковка и мислам дека го имаме најдобриот кандидат. Сметаме дека партијата достигна до ниво и дека ќе го полага матрурскиот испит со собирање на 10.000 потписи,“ изјави Апасиев.

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска комисија ја запре постапката против кумановскиот градоначалник Димитриевски

Редакција

Голем концерт на Синтезис за 30 години јубилеј

Редакција

Нови 739 случаи на Ковид-19, едно починато лице

Редакција