еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Витомир Трајковски од „Макпетрол“ освои сребро на Европското карате првенство

Сребрен медал за Витомир Трајковски од „Макпетрол“ на Европското карате првенство што од 9 до 11. февруари се одржа во Тбилиси, Грузија.

Претставникот на скопскиот клуб е единствениот член на македонската репрезентација што на шампионатот се закити со одличје.

На меѓународниот собир настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.

Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој освои сребрен медал по нерешениот резултат од 3-3 во финалната борба. Ерменецот Гор Нерсисјан победи со прв земен поен во натпреварот.

Витомир Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството. Тој ги оствари следните резултати против: Давиде Лучијани (Италија) 3-2, Мелос Гаши (Албанија) 1-0, Никита Сахвон (неутрален) 6-1. Членот на карате клубот „Макпетрол“ во полуфиналето беше подобар од Салих Халиловиќ (Босна и Херцеговина) со 2-1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков со ново писмо до Мицкоски: Хан и Дорис Пак те прочитаа дека си лажен патриот, твојата бламажа е од светски рамки

Редакција

Повторно гранатирано централното подрачје на Киев

Редакција

БРАВО: Гифти текс од Прилеп на свој трошок почна да произведува заштитни маски, кои ќе се донират

Редакција