Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници за февруари за долгови доспеани до 31.10.2023 и неплатени до 31.01.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На истата со месеци во десетте најголеми должници се и фирмите „Дивелоп груп“ и хотел „Гранд М“, кои се поврзуваат со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП ќе го наплати долгот за неплатен данок од фирмите кои се поврзуваат со Мијалков, вели Лукаревска
Неодамна директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека УЈП ги презема сите мерки за наплата на долгот од околу два милиони евра за ДДВ и данок на добивка од овие две фирми.
Оваа се 10 најголеми должници:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синот на Мијалков купи три станови на татко му на Водно
Се продава шума и градежно земјиште на Мијалков за над 2 милиони евра