еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Акциите се невидлив, но вреден имот

Акциите се имот. Невидлив, но многу вреден. Тие се „невидливи“, бидејќи немаат физичка форма, не се видливи за око или не се на дофат на рацете како физички форми.

Станува збор за делови од сопственоста на компаниите, од кои произлегуваат права како што се право на учество во добивката, право на дивиденда, право на сопственост и право на учество во донесување на одлуки за компанијата. Едноставно кажано, станува збор за финансиски инвестиции кои овозможуваат приход, сопствеништво и влијаније во одредена компанија.

Основата на сопственоста која произлегува од акциите е бизнисот и имотот на компанијата. Ова значи дека секоја фирма што е организирана како акционерско друштво, всушност, има свој имот и свој бизнис. Кога некој купува акција, купува дел од тој имот и бизнис.

Секој имот како што се недвижностите на компанијата, опремата, технолошките уреди и брендот имаат своја реална пазарна вредност. Купувањето на акции значи и сопствеништво и на физичкиот имот на компанијата. Пример, доколку поседувате „невидливи“ акции, вие сте сопственик и на дел од видливиот, физичкиот, идеален капитал на компанијата (наведените недвижности, опрема, уредите, брендот).

Доколку некој има акции од нашата најголема фармацевтска компанија Алкалоид, тој едноставно е сопственик на идеален дел од целиот имот на оваа компанија. Дополнително, и со една акција поседува дел од бизнисот на Алкалоид. На многу едноставен начин, секој може да си купи акции на берзата.

Вредноста на секоја акција зависи од успехот во водењето на компанијата каде што поседувате акции, зависи од понудата и побарувачката за купување или продавање на акциите во даден момент, но и од довербата на купувачите и продавачите кон вредноста на одредена акција.

Инвеститорите треба да бидат свесни за овие фактори на влијание и варирањето на вредноста на нивните акции. За да го намалат ризикот од загуби, инвеститорите треба да бидат информирани и образовани за финансиските пазари и за начините на тргување со акции. Тие треба да ги следат трендовите на пазарот, да ги анализираат финансиските извештаи на компаниите и да ги следат информациите на берзата.

Доколку овие способности и знаења ги нема инвеститорот, тогаш се вклучуваат експерти кои ја знаат оваа проблематика.

Како што вели Коста Костадиновски од Капитал ассет менаџмент, „наша работа е да најдеме слободни акции од одлични компании, кои имаат вреден имот и бизнис, кои испорачуваат добивки, да ги купиме по цени поповолни од проценетата вредност на бизнисите и имотите на компанијата“.

„Намалувањето на ризикот значи и диверзификација на инвестициите во различни видови акции и создавање рамномерно портфолио на акции,“ вели Костадиновски.

Секој сопственик на акции учествува во бизнисот. На овој начин, се стекнува со право на дел од добивката, која се исплаќа редовно, на годишно ниво, во форма на дивиденда. Иако понекогаш добивката се реинвестира во компанијата, со одлука на управните органи, тоа значи зголемување на базата за да се направат поголеми добивки во идните години. На овој начин, задржувајќи дел од добивките, компаниите вложуваат во развој и растат во приходите, но и во габаритот на имотите кои ги поседуват.

„Важно е граѓаните, посебно потенцијалните инвеститори, да имаат правилни информации за движењето на акциите, за вложувањето, за можностите да добиваат но и да бидат подготвени на евентуални привремени загуби на вредноста. На долг рок, секоја акциите носи добивка, за што секако е потребно трпение и правилен избор.

Ние како Капитал Финанасиски Центар организираме едукативни настани за сите заинтересирани граѓани, на кои им ги доближуваме можностите и потенцијалот за остварување добивка“, вели Билјана Станковска Арсова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадиновски: Вложувајте во акции, не во ѕидови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на Македонија на ГРОМ

Редакција

„Оли-травел“ го доби тендерот за општина Куманово за превоз на ученици вреден 76 милиони денари

Редакција

ГТЦ во првите три месеци со добивка

Редакција