еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сашо Мијалков ослободен за „Трезор“, случајот за набавка на опрема за следење од Британија

На поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петта управа, Горан Грујовски, кој е во бегство и на шефот на Кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, денеска во Кривичниот суд Скопје за случајот „Трезор“, им беше изречена ослободителна пресуда.

Поради апсолутна застареност постапката запре против поранешниот помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, Небојша Стајковиќ.

Во случајот кој го отвори поранешното Специјално јкавно обвинителство, се работи за злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Според судијката Имране Селмани, која ја ја изрече пресудата, тие се ослободуваат од обвинение, бидејќи јавниот обвинител не докажал дека го сториле делото за кое се обвинуваат.

Ова беше повторено судење за „Трезор“, откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година.

Мијалков во првото судење доби осум години затвор, Грујевски, 15 години, а Стајковиќ и Јакимовски добија затворски казни од по пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП, на истата се уште се фирмите кои се поврзуваат со Мијалков

„Ни Чак Норис не може да си купи стан сам од себе“: Твитер реакции за Мијалков чии конфискувани станови ги купи неговиот син

Се продава шума и градежно земјиште на Мијалков за над 2 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слаб интерес на македонските фирми за заштита на трговските марки со Македонија/македонско

Редакција

(Фото) Во кој пукаа две маскирани лица во Ист Гејт

Редакција

НЛБ Банка ги надминува плановите: За три месеци добивка од 6,6 милиони евра

Редакција