еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) Проект вреден 250 милиони евра: Како ќе изгледа новиот уникатен комплекс “Diamond Skopje” на Лимак холдинг

Турската компанија „Лимак Холдинг“ ја започна изградбата на уникатниот мултифункционален комплекс Diamond Skopje.

Како што најавија од компанијата во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот – Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти.

Станува збор за проект вреден 250 милиони евра, кој ќе вклучува околу 772 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности ресторани, кафулиња, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.800 автомобили.

Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри.

Фото: Лимак холдинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе забрани увоз на руски дизел

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Народна банка за набавка на струја вреден 272.000 евра

Редакција

Прв пат во Брисел годината завршува без заклучоци за проширувањето на ЕУ, поради блокадата на Чешка и Словачка

Редакција