еМагазин
Image default
Балкан

Атлантик Група во 2023: Силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Атлантик Група во 2023 година забележа приход од продажба во износ од 973,9 милиони евра, што во однос на претходната година претставува раст од 15,1%, информираат од таму.

Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 13,3% во однос на 2022 година и изнесува 86,6 милиони евра, додека нето добивката порасна за 20% и изнесува 31,2 милиони евра.

„Во и понатаму нестабилни и предизвикувачки околности, Атлантик Група оствари силен раст на продажбата во сите деловни сегменти и на сите поважни пазари. Одличните продажни резултати овозможија и силен раст на профитабилноста, и покрај високите трошоци на суровините и амбалажниот материјал, логистичките и другите типови услуги, но и значајното вложување во вработените.

Исто така, продолживме со вложување во развојот на бизнисот, преку вклучување на иновации во производното портфолио, модернизирање на производните капацитети и на тој начин поттикнувајќи ја зелената и дигиталната трансформација на Атлантик Група, како и со настојувањето за раст преку аквизиции.

Посебно сум благодарен на посветеноста на нашите вработени, како и на нашите купувачи и партнери за долгогодишната поддршка. Иако очекуваме дека геополитичкото и макроекономското опкружување и понатаму ќе биде предизвикувачко, остануваме уверени дека ќе продолжиме со успешната работа и одржливиот раст“, истакна претседателот на Управата на Атлантик Група, Емил Тедески.

Слатко и солено, Пијалаци и Донат го предводат растот

-Најголем раст остварија Стратешкото деловно подрачје Слатко и солено (26,3%), потоа Пијалаци (18,6%), кои освен вредносен остварија и значителен количински раст на продажбата, посочуваат од таму..

Двоцифрен раст бележи и Стратешкото деловна подрачје Донат со 12,5%, како и Фармација со 12,2% раст. Во дистрибуцијата предност има Стратешкото деловно подрачје Северна Македонија со раст од 19,3%, потоа следи СДП Хрватска со раст од 19% и Србија со раст од 16,2%.

Во вкупната продажба на Атлантик Група, сопствените брендови сочинуваат 62%, Фармација 9%, додека екстерните брендови имаат удел од 29% кон приходот од продажба.

Кафето со 199,9 милиони евра, односно уделот од 20,5% во вкупниот приход од продажба, се истакнува како најголема поединечна категорија.

Висок индекс на одржливоста на бизнисот и награди за корпоративно управување

Во текот на 2023 година Атлантик Група успешно ја започна работата на две соларни електрани, на централниот логистички дистрибутивен центар Загреб и на производната локација во Рогашка Слатина, велат од таму.

Индексот на издржливост на Атлантик Група, кој претставува интерно мерило за процена и известување на постигнување на целите за одржлив бизнис и општествени активности, во 2023 година изнесуваше 102%.

Индексот на одржливост на Атлантик Група се состои од пет клучни приоритети: намалување на емисиите на стакленички гасови, одговорно управување со водните ресурси, грижа за вработените, употреба на рециклирани материјали и материјали кои можат да се рециклираат и специфични одржливи иновации во производите.

-Во ноември беше потпишан договор со Strauss Group за преземање на компанијата Strauss Adriatic, а заклучувањето на трансакцијата е подложено на претходно одобрување од Комисијата за заштита на конкуренција во Република Србија.

Во областа на дистрибуција, со Групација Подравка е договорена соработка која подразбира дека Атлантик ќе ја врши дистрибуријата на производите на Подравка на австрискиот пазар, а Подравка ќе ја врши дистрибуцијата на производите на Атлантик на пазарот во САД.

Во Словенија е остварен исчекор во полето на дистрибуција во соработката со новиот принципал Haleon, додека во Скопје се заклучени 12 милиони евра вредни инвестиции во новиот логистичко дистрибутивен центар, велат од таму.

Од поважните признанија, Атлантик Група четврта година по ред е добитник на првата награда за односи со инвеститори, која се доделува во соработка на Деловниот дневник и Загрепската берза, а трета година по ред е добитник и на наградата за најдобро усогласување со Кодексот на корпоративно управување во категоријата Водечки пазари, која ја доделува HANFA, посочуваат од таму.

При крајот на годината Атлантик Група од реномираната агенција за управување со недвижнини S IMMO AG ја купи зградата Eurocenter D.O.O., која во свое сопствеништво ја има деловната зграда Eurocentar на адреса Мирамарска улица 23 во Загреб, каде инаку се наоѓа долгогодишното седиште на компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Капетанот и екипажот не ни пријавиле дека турнале патник во морето: Шокатни сведоштва на патниците од грчкиот брод

Редакција

Грчка влада: НД ја извртува реалноста дека Кина одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“

Редакција

Во Грција уапсени 119 лица поради предизвикување пожар од небрежност и 27 за подметнување пожар

Редакција