еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Капетанот и екипажот не ни пријавиле дека турнале патник во морето: Шокатни сведоштва на патниците од грчкиот брод

Капетанот на бродот на компанијата Blue Horizon не пријавил до службите на пристаништето Пиреја во Атина, Грција, дека патник завршил во морето, откако претходно беше турнат од екипажот на бродот, сведочат патници за грчкиот портал news.it, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Екипаж на брод во Грција турнаа човек во морето кој се удави

Патник го пријавил инцидентот до службите во Пиреја, а еден од патниците за порталот вели дека на бурните реакции на шокираните патници кои биле сведоци на инцидентот, и кои отишле и до кабината на капетанот, никој од персоналот не реагирал, а тој им ја затворил врата.

Како што веќе објавивме 36-годишниот маж се удави откако беше турнат од екипажот на бродот, по што истиот отпловил како ништо да не се случило.

По неколку часа бродот кој патувал за Крит е вратен во Пиреја, а се уапсени капетанот и четворица членови на екипажот, кои најверојатно ќе бидат обвинети за убиство.

Изјави за инцидентот на грчките власти им дале 15 сведоци – патници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за градинките: Максимум 12 деца и две негователки за групите до две годишна возраст

Редакција

Три доживотни, 15 и девет години казна затвор за обвинетите за „Монструм“

Редакција

Не се знае како се трошат околу 10 милиони евра за набавки во училиштата кои се финансираат со пари од родителите

Редакција