На 27.09.2018 година во 11,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Македонско Косовска бригада“ патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.М.(63) од Скопје удрило во пешак Р.З.(83) од Скопје, информира МВР.
„Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде во 13,30 часот од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР.
Истиот ден во 11,45 часот било пријавено дека во Велес на улица „Илинденска“ патничко моторно возило “Џип Компас“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.К.(62) од Велес, удрило во пешакот И.Ѓ.(88) од Велес.
„Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот“, информира МВР.
Пртеходно, во 07,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица “1“ во село Петровец патничко моторно возило “Мазда 6“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Д.(56) од Скопје удрил во пешак Г.Д.(77) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Г.Д. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.