На 2. март (сабота), Јавна Соба ќе биде домаќин на базар на повеќе од 20 изложувачи насловен како „Fair Fashion“. Овој базар става акцент на етичката и одржливa мода, каде ќе се нуди рачно дизајнирана, но и „ second hand“ облека, како и рачно изработени накит и модни додатоци.
Сите посетители ќе може да уживаат во пазарењето на сосема поинаков начин, а воедно и одблизу да ги запознаат малите производители, дизајнери, занаетчии и трговци, и секако да ги поддржат нивниот труд и нивната работа, одбирајќи уникатни производи за себе или за некоја блиска личност.
Организаторите на „Fair Fashion“ сакаат уште еднаш да ги потсетат граѓаните за последиците на брзата мода и како тие со својот избор можат позитивно да влијаат за помало загадување и помалку експлоатација на трудот (особено кај жените) во светот.
Базарот ќе биде отворен за посетителите од 11 до 16 часот, a влезот за посетителите е бесплатен.