Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по неколку години поднесе обвинение за градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, кадар на владејачката ДУИ, за набавката на луксузното „ауди“, вредно 67 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По неколку години обвинение за Мерко за набавката на „аудито“ вредно 67 илјади евра
Антикорупциската комисија во 2020 година поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко за набавката на патнички возила од страна на Општината, меѓу кои е и „аудито А6“.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска кога станал градоначалник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) САД го стави градоначалник Мерко и неговата фамилија на црната листа
Каков имот пријавил
На свое име пријавил деловен простор и земјоделско земјиште во Струга, куќа од наследство, исто така во Струга, стан во Албанија и шума во Струга од наследство.
Пријавил и побарувања по основ на заем и приходи од кирија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто Македонија не побара докази против Мерко од САД, кој шест месеци е на „црната листа“
Антикорупциска бара Мерко кривично да се гони за отуѓување на земјиште во центарот на Струга
„30 предмети поврзани со Мерко, ниедно судење, ниедна пресуда“: Твитер реакции
Фото: Мерко/Фејсбук