еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жител на Велешта физички нападнал медицинска сестра оти му рекла да ја изгаси цигарата

Жител на Велешта физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Струга, бидејќи таа побарала од него да ја изгаси цигарата.

-Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност од член 304-г став 2 во врска со став 1 од Законот за здравствена заштита.

Осомничениот на 29. февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Струга која побарала од него да ја изгаси цигарата.

Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал.

Бил пронајден и лишен од слобода следниот ден.

Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, информираа денеска од Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според професорот Људмил Спасов со едностраната изјава за македонскиот јазик нема откажување од дијалектите

Редакција

Екипата на „Медената земја“: Горди сме што сме гласници на пораката на Атиџе „пола земи-пола остави“

Редакција

Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, тврди Тошковски

Редакција