Каролина Гочева секогаш на своите концерти блеска, но синоќешниот концерт во Pure беше чиста емоција помеѓу нејзе и публиката.
Присутните во еден глас ги пееја нејзините песни, кои речиси сите до една, во различни периоди биле хитови.
Од најмлади до повозрасни, беа четвртиот вокал на концертот, на кој Каролина и нејзиниот бенд, комплетно се дадоа себе си.
Синоќа беше вториот концерт по повод „Први март“, познат хит од Каролина, на кој датум всушност го одржа и првиот од низата концерти кои ќе ги има и во другите градови.
Таа испеа речиси 30 песни, и повеќе од два часа приреди незаборавно доживување, дотолку што публиката беше подготвена на целовечерна журка.
Фото: еМагазин.мк
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.