еМагазин
Image default
Балкан

Тензично на Косово: Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија

Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија.

Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија.

Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода. Припадниците на РОСУ наводно влегле во Центарот за екологија и развој на спортот, во непосредна близина на хидроелектраната.

Главниот портпарол на КФОР Винченцо Грасо потоа за Танјуг изјави дека мисијата се уште нема информации за тоа дека припадници на РОСУ влегле во северниот дел на Косово, во близина на хидроелектраната Газивода.

Тој додаде дека е во тек проверка на информациите и оти се врши мониторинг на ситуацијата.

МИА/Фото: Министерство за одбрана на Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хит видео во регионов: Професори пееа и играа за учениците на матурска вечер во Сплит

Редакција

Откриени причините за големиот број на жртви во земјотресот во Албанија

Редакција

Поради тоа што ќе ја подржи Владата на Ципрас, пратеникот Спирос Данелис отстранет од пратеничката група на Река

Редакција