Годинава, Скопски пазар АД Скопје планира да го заврши новиот деловен комплекс со покриен пазар во скопската населба Драчево на местото на постоечкиот пазар, стои во Бизнис планот на Друштвото за 2024 година, објавен преку Македонската берза.
-Покрај овој инвестициски проект, во 2024 година ќе се пристапи кон инвестициони активности за модернизирање и реновирање на останатите пазари и деловен простор кој се издава под наем согласно потребите и можностите, велат од таму.
Друштвото располага со 12 зелени пазари со околу 2.700 продажни места-тезги, како и деловен простор, претежно наменет за издавање со вкупна површина од приближно 54.000 м2.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопски пазар лани работел со добивка
Скопски пазар стави имот во Гази Баба под хипотека за кредит