Основниот суд во Тетово донел одлука печатите на владејачката Алијанса за Албанците (АА) да ги добие старо-новиот претседател на партијата, Зијадин Села.
Изминативе денови Судот одлучуваше за тоа кој ќе ја води партијата, отколку истата се подели на две крила, едното предводено од Села, а другото од Арбен Таравари, кој се смета себе си за претседател на партијата, а печатите досега беа кај него.
Крилото на Таравари за престојните избори стана дел од коалицијата “Вреди“, во која се Беса, Алтернатива и Демократскиот сојуз, а Села дел од коалицијата предводена од владејачката ДУИ, “Европски фронт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кавгата на Таравари и Села стигна на суд: Чива ќе биде Алијансата за Албанците
Фото: Таравари/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.