Комеморација за еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи, издавачи и продуценти – Мирко Попов, ќе се одржи на 5. април (петок), во 11 часот, на малата сцена во Македонската филхармонија.
Попов по кусо боледување почина на 24. март.
Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите роденденски диџеј сетови во раните 80-ти години на 20тиот век.
Неколкуте авангардни музички револуции во 80-тите, но и неверојатно високиот квалитет на поп музиката од тоа време помагаат да развие здрава љубопитност, разнолик музички вкус и ориентација кон постојан прогрес, што ќе се одрази пресудно во понатамошните одлуки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во чест на Мирко Попов, промоција на винил издание – Поп култура