еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Вербална расправија на министерот Тошковски и новинарот Салиу на прес-конференција

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција пред полициската станица во Шуто Оризари, денеска лично се соочи со новинарот Фуркан Салиу, кој вчера беше приведен за време на фудбалски натпревар во селото Средно Коњаре, а во неговиот автомобил беше пронајден и пиштол, за кој имал дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден и пиштол: МВР со детали зошто е приведен новинарот Фуркан Салиу

Тошковски рече дека според тоа што можел да го види од снимките, кои ги поседува Министерството за внатрешни работи (МВР) во најмала рака имало спречување на службено лице во вршење на службена должност од страна на Салиу.

„Според службените белешки двете службени лица велат дека има физички напад, а од снимките кои јас ги видов во најмала мера има спречување на службено лице во вршење на службена должност“, рече Тошковски.

Салиу пак остана на своето тврдење дека такво нешто не се случило, на што министерот му рече дека лажел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пиштолот е со дозвола, не нападнав никого, се јави новинарот Фуркан Салиу

Салиу го праша Тошковски како е извршен претресот во автомобилот, без негово присуство, на што Тошковски одговори дека е извршен преглед, а не претрес.

На прес-конференцијата министерот зборуваше и за пиштолот на Салиу, за кој новинарот рече дека бил расклопен во неговиот автомобил

“Огненото оружје е со дозвола на имателот на истото, значи истиот поседува дозвола за негово поседување, која што во никој случај не може да амнестира во најмала рака прекршочна одговорност во овој дел, заради тоа што таквото оружје во никој случај не може да биде во рамки на возило кое што како такво било на предметното место во рамки на селото Средно Коњаре, односно точно се знае согласно закон како се поседува огнено оружје, како се транспортира од точка А до точка Б, како се носи истото, дали со полн шаржер, дали со празен шаржер“, рече министерот.

Министерот најави и соодветни пријави, кога ќе заврши истрагата, дека внатрешната контрола ќе го испитува постапувањето на полицијата и рече дека целиот настан е снимен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ослободен новинарот Фуркан Салиу

Видео: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврта жртва по експлозијата во Романовце: Почина и 58-годишен маж

Редакција

Судењето за „Рекет“ одложено поради појавата на корона вирусот во затворот Шутка

Редакција

Нацрт заклучоците на ЕУ сѐ уште празни под точката за Македонија

Редакција