еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За САД референдумот е успешен: Политичките лидери да се издигнат над партиските политики

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти Стејт департментот.

„САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет.

Со оглед на тоа што македонскиот Парламент сега започнува со разгледување на уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиските политики и да ја искористат оваа историска можност да обезбедат посветла иднина за земјата како полноправен член на западните институции“, се наведува во соопштението од Стејт департментот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Куманово маршираше против „францускиот предлог“ на чело со градоначалникот Димитриевски

Редакција

Абази предложен и за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители, каде сопругата му е на обука

Редакција

Осум нови заразени од корона вирусот во гостиварско

Редакција