Светската музичка ѕвезда Лени Кравиц се враќа во Македонија и Охрид.
По 16 години на 4. август повторно ќе настапи на стадионот „Билјанини извори“, каде како што информираа од продукцијата “Авалон“ ќе има промоција на новиот албум „Blue Electric Light“, кој ќе биде објавен на 24. мај.
Концертот е дел од неговата европска турнеја ‘Blue Electric Light 2024‘.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (17. април), по цени од 1.990, 3.000 и 6.000 денари.
Ова ќе биде трет концерт на Кравиц во Македонија.
Фото: Авалон/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.