Ученик претепал наставничка во скопското основно училиште “Димо Хаџи Димов“ во Влае, потврдија за Телма од Министерството за внатрешни работи.
Ученикот нападнал повеќе деца во училиштето на голем одмор. Кога дежурната наставничка по географија сакала да ги раздели, тој ја турнал на земја, ја удирал по глава, и го фрлил мобилниот телефон и и се заканувал.
Наставничката добила лекарска помош од Итната помош. Таа се жалела на повреди на главата и вознемиреност. Ученикот и претходно правел слични проблеми. Станува збор за дете без родители.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.