еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Блеф или ризична игра: Која албанска партија ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ?

Колку и да звучи победоносен резултатот од референдумот и одбивањето да се прифати Преспанскиот договор, што рака на срце е демократско право на секој македонски граѓанин, се чини дека е јалова радоста во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се погласни се аналитичарите и воопшто граѓаните кои го поставуваат прашањето како мисли оваа партија да дојде на власт без да коалицира со партија од условно кажано албанскиот блок.

Доколку актуелната владејачка гарнитура се согласи на нови избори кои би биле спроведени по условите предвидени од Пржинскиот договор станува јасно дека албанските партии никогаш не би коалицирале со партија која декларира дека сака зачленување во ЕУ и НАТО, меѓутоа не прави ништо за тоа да се реализира.

ВМРО-ДПМНЕ во изминативе десетина години додека беше на власт покажа дека нема капацитет, ниту пак некаков голем интерес за решавање на спорот за името и тоа сега може да им се врати како бумеранг.

Досегашната пракса во Македонија покажува дека е невозможно да се формира стабилна Влада без учество на партија од албанскиот блок, а познавајќи го влијанието на Западот врз политичарите – Албанци за очекување е дека ниту еден од нив нема да прифати коалиција со партија која на своевиден начин им го сврте грбот на највисоките претставници на ЕУ и НАТО.

Затоа, се наметнува прашањето дали членовите на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за вечна опозиција и дали целата збрка што настана по референдумот е блеф за подобро позиционирање или пак игра на ризик која може да доведе до сериозни турбуленции во најголемата македонска политичка партија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Боро Стојчев, приведен во полициска акција

Редакција

Мицкоски би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта, вели Груевски

Редакција

Пад од 3,8% на индустриското производство во април на годишно ниво

Редакција