еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Европа ја зголеми добивката за 133,8% во првиот квартал

Во првите три месеци од годинава Европа АД Скопје остварила вкупни бруто приходи од 244.461.397 денари и истите се зголемени за 17,3 % во однос на бруто приходите од 2023 година за истиот период, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Вкупните оперативни приходи во овој период се зголемени за 12,1 % во однос на истите во 2023 година. Останатите приходи се намалени  за 31 %, а кај финансиските приходи зголемувањето е 11,6 % во однос на 2023 година.

Вкупните расходите се зголемени за 13,3% во однос на минатата година. Оперативните расходи овој период се зголемени за 13,5 %, а финансиските расходи се намалени за 48,8 % во однос на 2023 година.

Компанијата остварила добивка во износ од 14.593.776 денари и истата е поголема во однос на претходната година за 133,8%.

-Остварениот резултат во првиот квартал од 2024 година се должи на зголемувањето на вкупната продажбата за 12,1 % во однос на истиот период минатата година, како и од зголемувањето на производството за 23,8 %, кое е оптеретено со трошоци за енергија со пониски цени од минатата година.

Намалувањето на финансиските расходи е резултат на фактот дека компанијата не е кредитно задолжена во првиот квартал од работењето од 2024 година и истите имаат позитивен ефект на  остварениот финансиски резултат, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа ќе дели дивиденда од 50 денари бруто по акција

Европа лани со намалена добивка за 20%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Галетановски поднесе оставка

Редакција

(Видео) Сопственик на ресторан од Гевгелија низ солзи: 7.000 евра казна за гости со лажни сертификати во време кога две години се бориме да преживееме, животот ќе ми се зацрни

Редакција

Алијанса за Албанците ќе даде подршка за измена на Уставот, ако македонскиот и албанскиот јазик станат рамноправни

Редакција