еМагазин
Image default
Свет

Меркел е политичарка во која луѓето во светот имаат најголема доверба, Путин е пред Трамп

Луѓето во светот најмногу доверба имаат во германската канцеларка Ангела Меркел, а во рускиот претседател Владимир Путин имаат повеќе доверба отколку во неговиот американски колега Доналд Трамп.

Тоа се резулта од анкета на Истражувачкиот центар „Пју“ со седиште во Вашингтон.

Во анкетата учествувале 26.112 испитаници од 25 држави.

Триесет отсто анкетирани веруваат дека Путин добро работи, што се однесува за светските прашања, а 34 отсто од нив имаат доверба во кинескиот лидер Си Џинпинг.

Дека Трамп добро работи сметаат 27 отсто анкетирани.

Во Меркел, според анкетата, доверба имаат 52 отсто анектирани. По неа следува францускиот претседател Емануел Макрон – 46 отсто.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Кина го отвори најдолгиот мост во светот: Ново светско чудо од 55 километри

Редакција

Сноуден: Бев лицето кое најмоќната земја на светот сакаше да го „тргне“

Редакција

(ВИДЕО) Бил Клинтон задрема за време на инаугурацијата на Бајден

Редакција