Денеска по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Македонското здружение за заштита при работа објави дека 15 работници лани го загубиле животот на своето работно место, а 93 биле повредени.
Најголем дел од загинатите биле во градежниот и земјоделскиот сектор.
Најголемиот број на смртни случаи се регистрирани во Скопје, потоа следат Куманово, Охрид, Струмица и Тетово, а најголем број на работници биле на возраст од 35-44 години.
„Но, дали и колку се заштитени работниците во земјава? Сносат ли некаква одговорност работодавците? Проблемот не е во законите, бидејќи на хартија има регулативи, но во пракса одговорност нема, судските процеси се долги, а правдата е бавна за работниците и нивните семејства“, оценуваат од Македонското здружение за заштита при работа.
Активисти од здружението засадија 15 дрвца во спомен на изгубените животи на 15 работници.
Фото: Unsplash