Од авион се гледа загадувањето на Охридско Езеро од реката Сатеска, објавија од здружението Охрид СОС.
–Овој пат буквално, две снимки од авион, кои го илустрираат загадувањето на Охридското Езеро од реката Сатеска. Оваа перспектива дава појасна слика на проблемот кој трае со децении, од пренасочувањето на речниот ток во езерото.
Најголем дел од притоките, за жал, се загадени, и сите тие наноси завршуваат директно во Езерото. Институциите, по навика, не реагираат, за нив ова не е проблем, велат од таму.
Фото: Охрид СОС/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.