еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонците користат премногу сол во исхраната, како да го промените тоа

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) посочуваат дека македонските граѓани внесуваат за 2,4 пати повеќе сол од максималниот препорачан дневен внес.

Препорачано е да не се внесува повеќе од пет грама сол на ден, а кај нас според ИЈЗ просечен дневен внес на сол е 12,1 грама.

Три четвртини од „скриената“ сол – натриум во исхраната доаѓа од ултра-преработена и преработена храна, како што се леб, сосови и преливи, крекери и колачиња, готови оброци, преработки од месо и сирења.

Педесет и еден отсто од препорачаниот дневен внес на сол се внесува преку лебот.

Од ИЈЗ препорачуваат добро да се гледаат етикетите на производи пред да се купат, за да се одберат оние со помалку сол, да се отстрани соларникот од трпеза, да се користат природни билки и зачини како замена со цел да се подобри вкусот на храната, да се пие доволно вода, како и да се избегнува преработена храна.

Фото: Унсплеш/Илустрација: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oбезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со корона вирусот

Редакција

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Борис Кондарко

Редакција

Многу поблиску сме до решение со Србија за природен гас за нашата гасна централа, тврди Ковачевски

Редакција