еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Врв на луксузот во Ramstor Mall: Oтворена 52 Концепт – продавницата што ја редефинира високата мода

Новоотворената 52 concept store во трговскиот центар Рамстор во Скопје е комбинацијa на врвни брендови и исклучителен дизајн со кои се влегува во светот на луксузната мода и креативните иновации. Овој внимателно создаден простор ги обединува најпрестижните имиња во модната индустрија, поставувајќи нов стандард за луксузна малопродажба.

Во срцето на 52 концепт продавница се наоѓа исклучителна колекција од Dsquared, храбра софистицираност која се среќава со урбаната елеганција.

Колекцијата на Dolce & Gabbana е синоним на безвременска префинетост, каде што традицијата и модерноста се спојуваат беспрекорно. Во 52 concept store се изложени сегменти од  најновите колекции, а секое парче раскажува приказна за италијанското мајсторство и богатото културно наследство.

Од иконските принтови до извонредната кројка, Dolce & Gabbana нуди врвно модно искуство. Во продавницата има внимателно селектирано модно ќоше со рафинирана едноставност на Brunello Cucinelli, а романтичните креации на Valentino додаваат нота на висока модна драма, нудејќи парчиња кои се безвременски и модерни.

„Нашата концепт продавница не е само продажен простор, туку дестинација за врвно луксузно шопинг искуство. Со внимателно направената селекција на парчиња од водечките светски брендови, наша цел е на нашите клиенти да им понудиме уникатно и незаборавно шопинг искуство. Соединувајќи ја уметноста, културата и иновацијата, нашата продавница е модна дестинација која го отсликува духот на Париз, Милано и Њујорк и во која високата мода и стил се на пиедестал – велат од менаџментот на 52 concept storе.

За модните ентузијасти и сите вљубеници во високата мода, во концепт продавницата на располагање им стои лична стилистка која ќе им помогне да се одлучат меѓу парискиот шик на Saint Laurent, острите и урбан кул дизајни на Alexander Wang, познат по својот невообичаен пристап кон модата, спој на уличен стил со софистицираност, Whimsical и женствените парчиња на Zimmermann додаваат австралиски шарм и лежерната елеганција на Isabel Marant во бохо стил, совршен за модерната жена која бара и удобност и стил.

На располагање се и прекрасниот избор на обувки на Le Silla и Giuseppe Zanotti, секој пар е ремек-дело на италијанското мајсторство. Од зашеметувачки високи потпетици до елегантни рамни чевли, овие брендови нудат различни опции кои се бонусот на секој моден изглед. За пролетните свечености и матурските вечери, има неограничени комбинации кои ќе внесат авантура и елеганцијата на свечените фустани кога ќе се искомбинираат со чантите Jacquemus, креирајќи еден свеж и модерен изглед кој ќе остане безвременски

52 concept storе се наоѓа во приземјето на трговскиот центар Рамстор и работи секој ден.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадорот Мемеди сам побарал Италија да не ги прифаќа валидните пасоши без „Северна“, МНР тврди дека ја повлекла нотата

Редакција

Европска комисија ќе испрати помош за гаснење на пожарите кај нас и во Бугарија

Редакција

Уставен ја укина одлуката за ДУП-от во скопски Карпош со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа

Редакција