Во куферот на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, со кој влезе во Истражниот затвор Скопје (Шутка) имало евра, лири, но и телевизор плазма, откри директорот на затворот, Филип Андов за емисијата КОД, која се емитува на телевизијата Телма.
-Имаше телевизор плазма, од Турција му бил, за притворот, но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волти, само за светло, рече Андов.
За предметите кои се најдени во неговиот куфер има направено записник, а Јавното обвинителство побарало да направи увид за дел од работите од истиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До каде е истрагата за Палевски?
(Видео) Како беше донесен Палевски во Шутка
Фото: Палевски/Фејсбук